Семејни денови

15. јануари – 21. јануари

Заплови во магијата на филмскиот свет и уживај во најактуелните семејни филмови по намалена цена.


Драги дечиња, мајки, таткови, баби, дедовци и сите чувари на детските соништа, ве известуваме дека организиравме одлична дружба во последната недела од зимскиот распуст со најактуелните анимирани и семејни филмови.
Во периодот од 15. јануари до 21. јануари, за време на Cineplexx Семејните денови погледнете ги филмовите* по намалена цена.
Сите постоечки и идни корисници на Семејниот Филмски Клуб ќе имаат прилика да уживаат во разноврсната семејна филмска програма по фантастична цена:

2D филмови150 ден.
3D филмови220 ден.

Влезете во потполно новата игра со нови правила, во светот на Џуманџи. Дали сакате да го почувствувате позитивниот дух на Дедо Мраз и неговите помошници и да се обидете да му помогнете во неговите неволји? Не го заборавајте најголемиот и најсладок миленик, Бикот Фердинанд. А, што велите за талентот на Мигел кој сонува да стане извонреден музичар, или за новото продолжение на Мечето Падингтон?

Покрај одличните филмски наслови ти подготвивме забава и други активности: дружба со познатите филмски маскоти, креативни работилници, и други изненадувања. Биди дел од Семејните денови од 15. до 21. јануари.
Картите се во продажба, на благајните на киното.

*Понудата важи за филмовите кои влегуваат во Семејниот Пакет, односно оние кои се категоризирани како детски, анимирани и семејни.
** Акцијата се однесува за купени 3 или 4 билети.

Мечето Падингтон 2

Падингтон, кој е сега среќно сместен со семејството Браун и е популарен член во локалната заедница, започнува низа чудни работи со цел да собере пари и да го купи совршениот подарок за 100-от роденден на неговата тетка Луси, за да на крај тој биде украден.

Мечето Падингтон 2

Џуманџи: Добредојдовте во џунглата

Четири деца од средно училиште откриваат стара видео-конзола и се вовлечени во џунглата на играта, станувајќи возрасни аватари.

Џуманџи: Добредојдовте во џунглата

Дедо Мраз и компанија

Само што не пристигнала Нова Година, а на северниот пол завладува епидемија на грип. Дедо Мраз е во голем проблем, бидејќи сите 92.000 помошници добиваат опасна кивавица која ги приковала за кревет. Кој ќе му помогне сега да ги направи играчките за децата ширум светот?

Дедо Мраз и компанија

Дедо Мраз на замена

Приказна за столарот кој се бори трите негови деца да веруваат во Дедо Мраз, а кога тој ќе ги замени местата со него, ќе ја направи божиќната вечер за паметење.

Дедо Мраз на замена