Претпремиера на „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

среда, 13. декември, 18:30 часот

Не ја пропуштај претпремиерата на еден од најочекуваните филмови оваа година!

„Војна на ѕвездите: Последниот џедај“ ни доаѓа во среда, 13. декември во 18:30 часот.

Претпремиера на филмот „Војна на ѕвездите: Последниот џедај“

На 13.12 биди меѓу првите кои ќе го видат осмото продолжение на Војната на ѕвездите.
Подготвивме неколку случувања и изненадувања.

Уживај со бесплатно Скопско, само реши дали ќе одбереш темно или светло?
Испробај сѐ, колку добар PlayStation играч си и биди дел од Star Wars Battlefront II тунирот. Галерија, ти подготвија убаво изненадување.

Нема ништо поубаво од кога ќе се сретнат музиката и филмот. Dj Nasty ќе ве раздвижи оваа вечер.
Музичко едукативниот центар Enso ќе се погрижи за поинакво Star Wars уживање, подготвија инструментален аранжман со најпознатите теми од филмот.

Ако веќе планираш да се маскираш во некој од омилените ликови, бујрум на една Photo booth бесплатна сесија. Одличен спомен од најдобрата ноќ!
Види што има ново на тема Star Wars во Академска книга. Те чекаат вредни изненадувања од нив.
S.ignature дизајнираше уникатна линија на Star Wars патики, а се што треба да направиш е да купиш карти за претпремиерата, а ние ќе извлечеме добитник што ќе одбере дали ќе се приклучи на темната или светлата страна.

И не заборавај да ни пишеш Што е за тебе Star Wars?...ѕидот и налепниците се спремни, те чекаме само да напишеш.
Спремивме уште некои изненадувања.


Се гледаме на претпремиера на Последниот Џедај. May the force be with you!