Онлајн купување!

За сите филмови




Купете ги вашите кинобилети онлајн!

Вашите кинобилети можете да ги купите онлајн и со тоа да ја избегнете редицата на киноблагајните. Доволно е само да поседувате Cineplexx Бонус картичка.

ДЕТАЛИ

Доколку не сте љубители на чекање во ред и сакате да го направите купувањето кинобилети онлајн, киното Cineplexx ви овозможува брзо и едноставно да дојдете до вашиот кинобилет преку онлајн купување!

Како?
Пред се, потребно е да се најавите на нашата интернет страна. Доколку не сте регистриран член, тоа можете да го направите ОВДЕ . Земете ја вашата Cineplexx Бонус картичка од киноблагајната, надополнете ја картичката со посакуваниот износ* и онлајн купувањето може да започне!

Одберете го филмот и времето на проекција. Потоа, одберете ги посакуваните седишта и продолжете со процесот на купување со клик на опцијата КУПУВАЊЕ и избор на вашата Cineplexx Бонус картичка** како начин на плаќање. По внесувањето на сите потребни информации, на вашата e-мејл адреса ќе пристигне потврда која е потребно да ја прикажете при доаѓањето во кино, при што вработените ќе ја скенираат на влез. Со Cineplexx Бонус картичката дозволено е купување на максимум 2 билета на ден.

Остана само уште да уживате во филмот!

Се гледаме во киното Cineplexx!


*најмалиот износ со кој што можете да ја надополните картичката е 1.000 денари
**за време на онлајн купувањето, мора да имате средства на вашата картичка.