ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО, БОЉШОЈ 2017

05 февруари 2017

Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

Цена на билети:
600 ден. Поединечна карта
500 ден. Групна цена (мин. 5 особи)
450 ден. Сезонска, по претстава (7 балети)

КРАТКА СОДРЖИНА

Во палатата, кралското семејство и нивните гости се собрани за роденденската забава на принцот Зигфрид. На величествената церемонијата, Зигфрид се појавува како витез. Младите девојки се обидуваат да го привлечат неговото внимание бидејќи тој мора да одбере жена за време на балот. Обземен од ненадејна свест за своите идни одговорности, тој бега во текот на ноќта и среќава едно чудно јато лебеди до магичното езеро. Бел лебед преку ден, а навечер човек, прекрасната Одета чека заклетва на вистинската љубов за да се уништи проклетството. Легендата за мистериозната лебед-жена е еден од најромантичните класични балети, соодветно поставени во ерата на дворска романса и се карактеризира со многу елеганција, стил и хармонија. Со познатата, лирска мелодија на Чајковски, „Лебедово езеро“ ја отсликува трагичната љубов помеѓу принцезата Одета и принцот Зигфрид, и без сомнение ќе биде изведена до совршенство со исклучителна виртуозност на грандиозниот руски балет Бољшој. Ова универзално и волшебно ремек-дело на љубов, измама и драма не смее да се пропушти.

*купување на влезниците за Бољшој театарот по намалена цена (пакет влезници за 4 или повеќе преноси) не е возможно со Cineplexx бонус картичката, но е возможно доколку влезниците ги купувате по регуларна, односно целосна цена. На вашата бонус картичка можете да собирате поени за купените влезници (максимум за 2 влезници на ден) во двата горенаведени случаи.

Нема програма за архивираниот настан

ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО, БОЉШОЈ, 2017

Снимка (25.јануари 2015 година)
Музика: Петар Илич Чајковски
Кореографија: Јуриј Григорович
Недела, 5.февруари во 16:00ч
Времетраење: 180 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Нема програма за архивираниот настан

ЛЕБЕДОВО ЕЗЕРО, БОЉШОЈ, 2017