МЕТРОПОЛИТЕН, СЕЗОНА 2017/2018

од 7. октомври 2017

Петта година по ред, љубителите на операта од октомври повторно ќе можат да уживаат во директните преноси од Метрополитен во 2017/2018 сезоната во киното Cineplexx.

Цена на билети:
600 ден. Поединечна карта
500 ден. Групна цена (мин. 5 особи)
450 ден. Сезонска, по претстава (10 опери)

ДЕТАЛИ

Серијата наградувани симулкасти на Метрополитен Операта започнува со својата 12-та сезона на 7 октомври 2017 година, со прикажување на новата продукција на операта Норма од Винченцо Белини, во режија на сер Дејвид МекВикар и под диригентската палка на Карло Рици. Улогата на Норма ја толкува една од најнаградуваните актерки за истата улога, Сондра Радвановски.

Публиката од целиот свет која во живо ќе го следи овој настан ќе може да ужива во вкупно десет изведби во живо, во сезоната 2017-2018 година на МЕТ. Во живо од МЕТ во HD е најголем понудувач на алтернативни кино содржини на светот, со повеќе од 22 милиони билети продадени низ целиот свет во првите 11 години од серијата, од која изведбите во живо се емитуваат во повеќе од 2.000 кино сали во 71 држава низ целиот свет.
Почетокот на HD сезоната 2017-2018 година ја објави генералниот менаџер на МЕТ, Питер Гелб.
„Оваа сезона воведуваме новини во нашиот основен репертоар, со новата продукција на Така прават сите, Норма и Тоска, и истовремено ги прошируваме нашите активности со Ангел на уништувањето и Сендрилион“ вели Питер Гелб. „Распоредот на преноси во HD вклучува омилени дела на репертоарот и привлечни раритети, со што за секого нудиме п`о нешто“. Во новата сезона на „Во живо од МЕТ во HD“ за прв пат ќе се емитува Норма од Белини, каде главната улога ја толкува Сондра Радвановски; МЕТ премиерата на Ангелот на уништувањето од Томас Адè; Семирамида од Росини, која инаку не е изведена на МЕТ во последните 25 години; трагедијата Лујза Милер од Верди со Соња Јончева и Пласидо Доминго во главните улоги; и МЕТ премиерата на Сендрилион од Масенет со Џојс ДиДонато во главната улога. Освен новата продукција на МЕТ, публиката исто така ќе може да ги проследи и новите изведби на Тоска од Пучини со Кристине Ополаис и Јонас Кауфман; и изведбата Така прават сите од Моцарт која се одвива во педесеттите години од минатиот век на Кони Ајленд и во која една од улогите ја толкува добитничката на наградата „Тони“, Кели О’Хара. Во оваа сезона исто така ќе бидат изведени операта Магична флејта од Моцарт, под диригентската палка на музичкиот директор на МЕТ, емеритус Џејмс Левин (инаку, скратена верзија на магичната флејта беше првиот пренос реализиран во рамките на серијата „Во живо од МЕТ во HD“); Еликсир на љубовта од Дониѕети, со Прети Јенде во главната улога, инаку нејзин прв настап на МЕТ во улога на Адина, и Метју Поленцани кој повторно го толкува Неморино; и Боеми од Пучини со Соња Јончева и Мајкл Фабиано во главните улоги на младите љубовници од Париз, Мими и Родолфо.

*купување на влезниците за Mетрополитен операта по намалена цена (пакет влезници за 4 или повеќе преноси) не е возможно со Cineplexx бонус картичката, но е возможно доколку влезниците ги купувате по регуларна, односно целосна цена. На вашата бонус картичка можете да собирате поени за купените влезници
(максимум за 2 влезници на ден) во двата горенаведени случаи.

ДЕТАЛИ

Норма, МЕТ, 2017

Композитор: Винченцо Белини
Диригент: Карло Рици
Сабота, 7. октомври 2017 год. во 18:55ч
Времетраење: 184 минути
Нова продукција

Норма, МЕТ, 2017

Волшебната флејта, МЕТ, 2017

Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Диригент: Џејмс Ливајн
Сабота, 14. октомври 2017 год. во 18:55ч
Времетраење: 189 минути

Волшебната флејта, МЕТ, 2017

Ангел на уништувањето, МЕТ, 2017

Композитор: Томас Адес
Диригент: Томас Адес
Сабота, 11. ноември 2017 год. во 18:55ч
Времетраење: 147 минути
МЕТ Премиера

Ангел на уништувањето, МЕТ, 2017

Тоска, МЕТ, 2018

Композитор: Џакомо Пучини
Диригент: Андрис Нелсонс
Сабота, 27. јануари 2018 год. во 18:55ч
Времетраење: 173 минути

Тоска, МЕТ, 2018

Еликсир на љубовта, МЕТ, 2018

Композитор: Гаетано Дониѕети
Диригент: Доминго Хиндојан
Сабота, 10. февруари 2018 год. во 18:00ч
Времетраење: 159 минути

Еликсир на љубовта, МЕТ, 2018

Боеми, МЕТ, 2018

Композитор: Џакомо Пучини
Диригент: Франко Зафирели
Сабота, 24. февруари 2018 год. во 18:30ч
Времетраење: 175 минути

Боеми, МЕТ, 2018

Семирамида, МЕТ, 2018

Композитор: Џоакино Росини
Диригент: Маурицио Бенини
Сабота, 10. март 2018 год. во 18:55ч
Времетраење: 240 минути

Семирамида, МЕТ, 2018

Така прават сите, МЕТ, 2018

Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Диригент: Дејвид Робертсон
Сабота, 31. март 2018 год. во 18:55ч
Времетраење: 211 минути
Нова продукција

Така прават сите, МЕТ, 2018

Лујза Милер, МЕТ, 2018

Композитор: Џузепе Верди
Диригент: Џејмс Левин
Сабота, 14. април 2018 год. во 18:30ч
Времетраење: 218 минути

Лујза Милер, МЕТ, 2018

Сендрилион, МЕТ, 2018

Композитор: Жул Месенè
Диригент: Бертранд Дебили
Сабота, 28. април 2018 год. во 18:55ч
Времетраење: 167 минути
МЕТ Премиера

Сендрилион, МЕТ, 2018