МЕТРОПОЛИТЕН, СЕЗОНА 2016/2017

од 08 октомври 2016

Четврта година по ред, љубителите на операта од октомври повторно ќе можат да уживаат во директните преноси од Метрополитен во 2016/2017 сезоната во киното Cineplexx.

Цена на билети:
600 ден. Поединечна карта
500 ден. Групна цена (мин. 5 особи)
450 ден. Сезонска, по претстава (10 опери)

ДЕТАЛИ

Новата сезона на директни преноси од Метрополитен започнува со стотиот пренос на новата поставка на Вагнеровото дело „Тристан и Изолда“, под диригентска палка на Сер Сајмон Ратл и Нина Стеме во улога на Изолда, кој е закажан на 8.октомври. Љубителите на алтернативните содржини ќе имаат прилика во оваа 2016/17 сезона да погледнат десет претстави, вклучувајќи пет нови продукции и три премиери, кои ќе бидат прикажувани во живо во висока резолуција во киното Cineplexx.

Четвртата сезона на директни преноси во Македонија, на вљубените во операта ќе им ја донесе првата изведба на операта компонирана во 2000 година, „Љубов на далечина“, финската композиторка Каија Саариахо, која е изведена премиерно оваа сезона во Метрополитен. Своја премиера во висока резолуција ќе има и Вердиевиот библиски еп „Набуко“, со Пласидо Доминго во главна улога, но Моцартовата опера „Идоменео“ со која ќе диригира музичкиот директор на Метрополитен, Џејмс Ливајн. Покрај „Тристан и Изолда“ и „Љубов на далечина“, посетителите на киното Cineplexx ќе можат да ја погледнат новата продукција на операта на Гунодовата „Ромео и Јулија“, со Дијана Дамрау и Виторио Григоло во улогата на Шекспировиот трагичен љубовник; Двораковата „Русалка“ со Кристина Ополаис во нејзиниот прв настап во Метрополитен и улога со која се прославила во светот, и Штраусовата „Кавалер со ружа“ со Рене Флеминг како Маршалин и Елина Гаранча во улога на Октавијан. Новата сезона ќе ни ја донесе и Моцартовата трагикомична опера „Дон Џовани“ со Сајмон Кинлисајд во неговиот прв настап во Метрополитен, Вердивата „Травијат“ со Соња Јончева во улога на Виолета, додека својот успех од претходните сезони ќе го повторат Ана Нетребко и Дмитриј Хворостовски како предводници на операта „Евгениј Онегин“ на Петар Илич Чајковски.

*купување на влезниците за Mетрополитен операта по намалена цена (пакет влезници за 4 или повеќе преноси) не е возможно со Cineplexx бонус картичката, но е возможно доколку влезниците ги купувате по регуларна, односно целосна цена. На вашата бонус картичка можете да собирате поени за купените влезници
(максимум за 2 влезници на ден) во двата горенаведени случаи.

ДЕТАЛИ

ТРИСТАН И ИЗОЛДА, МЕТ, 2016

НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Рихард Вагнер
Сабота, 8.октомври 2016год. во 18:00ч
Времетраење: 315 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

ТРИСТАН И ИЗОЛДА, МЕТ, 2016

ДОН ЏОВАНИ, МЕТ, 2016

Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Сабота, 22.октомври 2016год. во 18:55ч
Времетраење: 225 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

ДОН ЏОВАНИ, МЕТ, 2016

ЉУБОВ НА ДАЛЕЧИНА, МЕТ, 2016

МЕТ ПРЕМИЕРА
Композитор: Каија Саариахо
Сабота, 10.декември 2016год. во 18:55ч
Времетраење: 180 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

ЉУБОВ НА ДАЛЕЧИНА, МЕТ, 2016

НАБУКО, МЕТ, 2017

ЗА ПРВ ПАТ ВО ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА
Композитор: Џузепе Верди
Сабота, 07.јануари 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 185 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

НАБУКО, МЕТ, 2017

РОМЕО И ЈУЛИЈА, МЕТ, 2017

НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Чарлс Франсоа Гунод
Сабота, 21.јануари 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 210 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

РОМЕО И ЈУЛИЈА, МЕТ, 2017

РУСАЛКА, МЕТ, 2017

НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Антоњин Дворжак
Сабота, 25.февруари 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 245 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

РУСАЛКА, МЕТ, 2017

ТРАВИЈАТА, МЕТ, 2017

Композитор: Џузепе Верди
Сабота, 11.март 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 175 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

ТРАВИЈАТА, МЕТ, 2017

ИДОМЕНЕО, МЕТ, 2017

ЗА ПРВ ПАТ ВО ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА
Композитор: Волфганг Амадеус Моцарт
Сабота, 25.март 2017год. во 17:55ч
Времетраење: 260 минути

Cineplexx Skopje City Mall:

Претпродажбата ќе започне наскоро

ИДОМЕНЕО, МЕТ, 2017

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН, МЕТ, 2017

Композитор: Петар Илич Чајковски
Сабота, 22.април 2017год. во 18:55ч
Времетраење: 240 минути

ЕВГЕНИЈ ОНЕГИН, МЕТ, 2017

Кавалер со ружа, МЕТ, 2017

НОВА ПРОДУКЦИЈА
Композитор: Рихард Штраус
Сабота, 13.мај 2017год. во 18:30ч
Времетраење: 290 минути

Кавалер со ружа, МЕТ, 2017