ОПШТИ УСЛОВИ ЗА ИЗДАВАЊЕ И КОРИСТЕЊЕ НА CINEPLEXX BONUS КАРТИЧКА


1. ВОВЕД

ЦИНЕПЛЕХХ МКД ДОО Скопје, трговско друштво со седиште на адреса улица Љубљанска број 4 локал 322 Скопје, регистрирано во Централниот Регистар на Република Македонија со единствен матичен број 6775004( во понатамошниот текст: „ Cineplexx“) како знак на благодарност на укажаната доверба и со желба на своите верни посетители да им пружи подобра атмосфера при посета на киното Cineplexx во Македонија, подготви определени поволности кои посетителите на Cineplexx киното во Македонија може да ги остварат со користењето на “Cineplexx Bonus Card” картичката ( во понатамошниот текст :“CBC картичка /и“). Исто така, освен SBS картичките, најверните посетители на Cineplexx киното во Македонија ќе имаат можност да со исполнување на условите од точка 5 од овие Услови, добијат ВИП картичка по наслов “Cineplexx Bonus Card Black” картичката( во понатамошниот текст : „CBC BLACK картичка “).

Овие Услови се применуваат и важат за сите “Cineplexx Bonus Card” картички (односно за CBC картичките и за CBC BLACK картичките). По исклучок, кога е така изречно наведено во овие Услови, одредени погодности и услови наведени тука, се применуваат и важат само за CBC BLACK картичките.

2. ИЗДАВАЊЕ НА CBC КАРТИЧКИТЕ И ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ

Издавач на CBC картичките е Cineplexx, а за да некое лице стане корисник на CBC картичка, потребно е да изврши on-line регистрација со пополнување на on-line формулар и давање на своите лични податоци на инернет страницата www.cineplexx.mk .
Со пополнување на on-line формуларот односно со доброволното давање на своите лични податоци, корисникот ја дава својата изречна согласност за собирање и обработка на неговите/нејзините лични податоци од страна на Cineplexx (контролор на податоци) кој податоците на лицето ќе ги користи со цел за издавање на персонализирана CBCкартичка и овозможувањето за користење на поволностите кои ги нуди CBC картичката, ажурирањето на податоците на CBC картичката, како и поради известување на корисникот за поволностите прикористењето на CBC картичката односно праќање на рекламни пораки.

Со пополнување на on-line формуларот корисникот на CBC картичката се согласува да неговите/ нејзините лични податоци да бидат пренесени на трети лица на кои Cineplexx им доверува извршување на определени работи за обработка на личните податоците, вклучувајќи ги особено давателите на софтверски услуги за функционирање на системот на CBC картичката, на давателите на маркетиншки услуги на кои Cineplexx го има доверено одржувањето на неговата Интернет страница и давателитe на услугите за испраќање на рекламен материјал, кои даватели на услуги се следниве: (i) друштво Eyepin GmbH со седиште во Австрија на адреса Billrothstraße 52, 1190 Виена, (ii) друштво Netural GmbH со седиште во Австрија со адреса Peter-Behrens-Platz 2, 4020 Линц, (iii) друштво SiTec Gmbh со седиште во Австрија со адреса Graf-Starhemberg-Gasse 39, 1040 Виена. Cineplexx е должен да обезбеди обработката на личните податоците да се врши според важечките прописи за заштита на личните податоците, вклучувајќи ги и случаите кога ќе довери на трети лица извршување на определени работи за обработка на личните податоците кои се собрани преку регистрација на корисникот на CBCкартичкaта.

Корисникот на CBCMBS картичката може да побара увид во неговите податоци кои ги процесира Cineplexx како и да побара да се изврши нивна корекција и промена. Корисникот на CBC картичката може да ја отповика својата согласност за обработка на личните податоци во било кое време со испраќање на известување за отповикување на е-маил адресата на Cineplexx: kino@cineplexx.mk или на адресата улица Љубљанска број 4 локал 322 Скопје, Република Македонија. По приемот на отповикувањето на согласноста за обработка на податоците, личните податоци ќе бидат избришани. Исто така, со отповикување на согласноста за обработка на личните податоците, CBC картичката престанува да важи и истата ќе биде поништена.

3. ПОВОЛНОСТИТЕ КОИ ГИ НУДАТ CBC КАРТИЧКИТЕ

Сите CBC картички овозможуваат поволности на кои корисниците на CBC картичките имаат право врз основа на собраните поени кои ги овозможува секое купување во Cineplexx киното со покажување на CBC картичката на благајната на киното, Собраните поени поени може дополнително да се заменат за подароци или за услуги за храна и пијалок во кино кои се достапни во моментот на замената на поените.
Cineplexx не врши испорака на подароците, истите може да се превземат само во Cineplexx киното во Скопје.

Корисниците на CBC картичката на интернет страницата www.cineplexx.mk како и на благајната на Cineplexx може да добијат:
- информации за бројот на поените кои ги носи купувањето на влезници за кино, храна или пијалок во киното со користење на CBC картичката
- информации за подароците, односно храната и пијалоците за кои може да се заменат собраните поени како и,
- информации за потребниот број на поени кои може да се заменат за подарок односно за храна и пијалок.

CBC Картичката со PrePaid функција
Сите CBC картички, вклучувајќи и CBS BLACK картичките, можат да имаат PrePaid функција. За да CBC картичката има PrePaid функција неопходно е да се уплати износ од -1.000 МКД. Картичките со PrePaid функција подоцна можат да се дополнуваат со уплата на дополнителни износи.

Корисниците на сите CBC картички со PrePaid функција имаат погодност во однос на можностите за безготовинско плаќање на влезници за кино по цена со попуст во согласност со ценовникот назначен на благајната на киното.

Право на попуст на цената на влезниците за киново киното Cineplexx, имаат корисниците на CBCкартичките кога безготовински односно со користење на средствата на својата CBC картичка со PrePaid функција, плаќаат влезници за кино во киното Cineplexx. Со безготовинското плаќање со картички на деловните Банки и плаќањето во готово не се остварува право на цени со попуст на влезници за кино туку само се собираат бодови (под услов посетителот да ја покаже својата CBC картичка на благајната на киното при плаќање поради евидентирање на поените).

Ако износот на CBC картичката не е доволен за купување на влезници за кино во даден момент, корисникот може да ја доплати потребната разлика помеѓу средствата на CBC картичката и вкупната цена на влезниците за кино.

4. КОРИСТЕЊЕ НА СРЕДСТВАТА И СОБРАНИТЕ ПОЕНИ

Користењето на средствата (т.е. на однапред платениот паричен износ) на сите CBC картички кои имаат PrePaid функција заради безготовинско плаќање на влезниците на кино, храна и пијалок е ограничено на 18 месеци од денот на првата уплата на износот на картичката. По истекот на 18 месеци од денот кога за прв пат е извршена уплата на износ на CBC картичката, картичката автоматски престанува да важи и корисникот на CBC картичката може во нареден рок од 60 дена да избере една од следниве две можности : (i) да ја реактивира картичката така што ќе уплати средства на својата CBC картичка, или (ii) да превземе подарок ваучер во вредност на преостанатиот износ на корисничката CBC картичка. По истекот на наведениот рок од 60 месеци корисникот го губи правото да ја реактивира својата картичка со уплата на средства на истата и да превземе подарок ваучер во вредност на преостанатиот износ.

Собраните поени на CBC картичката може да се искористат во рок од 18 месеци почнувајќи од денот кога поените се собрани и евидентирани на секоја CBC картичка. По истекот на 18месеци, тој број на поени се поништува, но сите останати собрани поени во однос на оние на кои не е истечен рокот од 18 месеци сметајќи ги од денот кога се собрани и евидентирани, може да се искористат до истекот на рокот од 18 месеци. Собраните поени не можат да се искористат за специјални проекции (претпремиери, балет, опера, концерти, преноси во живо).

Поените и средствата на CBCкартичката не можат да бидат заменети за готовина или рефундирани во пари, ниту можат да се пренесат на CBCкартичката на друг корисник. Исто така на средствата на картичката не се пресметува камата.

Kупување на влезниците за Метрополитен опера и Бољшој театарот по намалена цена (пакет влезници за 4 или повеќе преноси) не е возможно со Cineplexx бонус картичката, но е возможно доколку влезниците ги купувате по регуларна, односно целосна цена. На вашата бонус картичка можете да собирате поени за купените влезници (максимум за 2 влезници на ден) во двата горенаведени случаи.

5. CBC BLACK КАРТИЧКА

CBC BLACK картичката е ВИП картичка намената за посетителите на Cineplexx киното кои ќе купат повеќе од 30 влезници за кино во една календарска година преку користењето на CBC картичката (со или без PrePaid функција).

Замена на CBCкартичката со CBC BLACK картичката се врши автоматски по купувањето на 30-те влезници за кино при првата наредна посета на Cineplexx киното.CBC BLACK картичката важи од денот на издавањето до 31 Декември наредна година, а доколку во таа наредна година корисникот купи повторно повеќе од 30 влезници за кино, рокот на важење на CBC BLACK картичката автоматски ќе се продолжи до 31 декември наредната година (под наредна година се подразбира наредна година во однос на годината во која корисникот повторно купил повеќе од 30 влезници).

CBC BLACK картичката (со или без PrePaid функција) автоматски се враќа во статус CBCкартичка (со или без PrePaid функција) и физички се заменува при првото наредно доаѓање на благајната на Cineplexx киното доколку во претходната година корисникот на CBC BLACK картичката не купил повеќе од 30 влезници за кино ( рокот од година дена се смета наназад од датумот на истекување на CBC BLACK картичката т.е од 31 декември од оваа (предметната) година).

Покрај условите и поволностите кои ги нуди CBC картичката, CBC BLACK картичката овозможува дополнителни поволности за кои корисникот на CBC BLACK картичката може да се информира на веб страницата www.cineplexx.mk и на благајната на киното.

6. ОСТАНАТИ ОДРЕДБИ

Со CBC картичките кои имаат PrePaid функција можно е купување на најмногу 2 влезници за кино во текот на еден ден.

Купувањето на пијалоци и храна со користење на CBC Black картичките (со или без PrePaid функција) во текот на еден ден е органиченo на износ од 2.000 МКД.

Поените не се собираат со уплатување на износи на картичката, туку само при трошење на износот на картичката или при плаќање на останатите начини со покажување на CBC картичката на благајната.

За користење на погодностите кои ги овозможува CBC картичката, како и собирање на поени потребно е да се покаже CBC картичката на персоналот на благајната пред купувањето на влезници за кино или храна и пијалоци или во случај на купување преку интернет страницата www.cineplexx.mk преку одбирање на опцијата за плаќање со износ на CBC картичката со PrePaid функција и внесување на бројот на својата CBC картичка. Дополнително евидентирање на минатите промети како плаќање со користење на CBC картичка или по пат на CBC картичката не е можно.

Попуст на влезниците за кино, преку користење на картичките со PrePaid функција, важи само за 2D-филмови со регуларна должина на траење. Тоа се филмови со макисимално траење до 1 час и 45 минути. За филмови со поголема должина на траење и 3D-филмови потребно е да се доплати потребниот износ кој е прикажан во ценовникот на Cineplexx на благајната или на интернет страницата www.cineplexx.mk , а сите износи кои е потребно дополнително да се уплатат вклучуваат и ДДВ.

CBC картичките вклучувајќи ги и CBC Black картичките, не важат за посебни настани (гала премиери, сателитски преноси, концерти, балети, опери, пренос на спортски настани и слично).

Корисникот на сите CBC ( вклучувајќи и CBC Blackкартичките) е должен својата CBC картичка да ја користи во согласност со овие Услови и не смее на било кој начин да ја злоупотреби. Cineplexx има право да ја поништи CBC картичката на корисникот кој ја користи картичката спротивно на овие Услови или доколку на било кој начин врши злоупотреба на CBC картичката.

Во случај на губење или уништување на CBC/ CBCкартичката, корисникот е должен да го извести Cineplexx поради блокирање на CBC картичката и издавање на нова CBC картичка. Корисникот на CBC картичката е одговрен за целата штета која ќе настане како последица на губењето или уништување на CBC картичката до пријавата на губењето на картичката во Cineplexx. Новата CBC картичка ќе се издада со износот во моментот на објавата и со ист рок на важење како и изгубената или уништената картица, со обврска за плаќање на трошоците за издавање на нова картичка во износ од 120 МКД кој ќе биде одбиен од износот на картичката со PrePaid функција, а докoлку станува збор за повторно издавање на картичка кој немала PrePaid функција корисникот е должен да ги плати трошоците за издавање на нова картичка на благајната пред превземање на својата нова картичка.

Персоналот на Cineplexx киното во Република Македонија има право да изврши увид на документот за лична идентификација поради утврдување на идентитетот на корисникот на CBCкартичката која е презентирана на работникот на благајната.

Со регистрацијата за добивање на CBC картичка, корисникот се согласува да добива пораки со рекламна содржина. Доколку корисникот не сака да прима пораки со рекламна содржина, може во било кое време да ја повлече својата согласност за добивање на рекламните пораки на начин што ќе постапи во согласност со инструкциите содржани во е-маил пораката со рекламна содржина.

7. ИЗМЕНИ / УКИНУВАЊЕ

Cineplexx го задржува правото во било кој момент да ги измени и ажурира овие Услови, вклучувајќи и системот на собирање на поени. Доколку дојде до измени или ажурирање на овие Услови, текстот на така изменетите и ажурирани Услови ќе биде објавен на интернет страната www.cineplexx.mk почнувајќи од денот на стапување во сила на предметните измени. Доколку по објавувањето на измените и/или дополнувања на овие Услови корисникот продолжи со користењето на својата CBC картичка, се смета дека ги прифатил и се согласува со сите измени и/или дополнувања на Условите.

Системот на CBC картички се воведува со неограничен рок на траење на системот на картичките, но Cineplexx го задржува правото од било кои причини да го укине системот на CBC картички во кој случај ќе ги извести корисниците на CBC картички со испраќање на соодветно известување на последната позната е-маил адреса на корисникот на картичката, кое известување ќе содржи информација дека ситемот на CBC картички ќе биде укинат на последниот ден од истекот на рокот од 3 месеци од денот на праќање на известувањето за укинување. Доколку Cineplexx одлучи да го укине ситемот на CBC картички, Cineplexx ќе го направи истото исклучиво на некој од следните датуми: 31.март, 30. јуни, 30. септември, или 31. декември.

Во случај на укинување на системот на CBC картички, важи следното:
- по истекот на рокот од еден месец по испраќање на известувањето за укинување, CBC корисниците на картичката нема да можат повеќе да собираат поени, а сите собрани поени ќе можат да ги искористат најдоцна до истекот на рокот од 3 месеци по испраќањето на известувањето за укинување, после што бодовите ќе бидат поништени;
- по истекот на рокот од еден месец по испраќање на известувањето за укинување, корисниците на CBC картичка со PrePaid функција повеќе нема да можат да дополнуваат износи на картичката, а преостанатиот износ на картичката може да се искористи за купување на влезници за кино со попуст до истекот на рокот од 18 месеци од денот на уплата на предметниот износ, а по истекот на рокот од 18 месеци, корисниците имаат право во наредниот рок од 5 години евентуално преостанатиот износ на својата картичка да го изкористат за купување на влезници за кино без попуст или да подигнат подарок ваучер во вредност на преостанатиот износ на картичката.

Исто така, секој корисник на CBC картичка има право да го откаже користењето на CBC картичка исклучиво на еден од следните датуми: 31.март, 30. јуни, 30. септември, или 31. декември на начин што на е-маил на адресата на Cineplexx ќе испрати изјава за отказ во слободна форма која ќе се содржи отказен рок од 3 месеци. По истекот на рок од 3 месеци од денот кога корисникот на CBC картичка до Cineplexx испратил изјава за отказ, CBC картичката престанува да важи, собраните поени се поништуваат, а преостанатиот износ на картичката (во случаите кога станува збор CBC картичка со PrePaid функција) можно е да се замени со подарок ваучер во вредност на преостанатиот износ во рок од 5 години по престанокот на важење на CBC картичката.

8. ВАЖНОСТ НА УСЛОВИТЕ

Со регистрацијата за добивање на персонализирана CBCкартичка и со користењето на CBCкартичката корисниците се согласуваат и ги прифаќаат овие Услови во целост.
Текстот за важечките Услови во секој момент е достапен на Интернет страницата www.cineplexx.mk .